И натаму нема официјални информации од Светската ракометна федерација за откажување на една од репрезентациите учесници на претстојниот Мундијал во Египет.

Доколку тоа се случи, македонската репрезентација како прва резерва го има правото да настапува на ова натпреварување.

Претходно беше објавено дека САД има 18 позитивни случаи на ковид-19, но тамошниот селектор најави дека доколку треба и со 12 играчи ќе играат на СП.

Нова информација доаѓа дека има седум заразени членови во селекцијата на Зеленортските острови. И таа репрезентација е во дилема дали да патува на светскиот шампионат.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац кои во изминатиот период одиграа контролни мечеви со Чиле во Скопје, се на готовс да го прифатат евентуалниот голем предизвик. А воедно на последното тестирање на коронавирус, нивните резултати се негативни.

САД има 18 позитивни случаи на ковид-19, но сака да игра на СП!?