Хали Бери ќе глуми во филмот „Our Man From Jersey“ заедно со актерот Марк Волберг. Имено, 54- одишната актерка се приклучила на екипата на претстојниот шпионски трилер на „Netflix“.

Бери ќе биде во главна улога со Валберг, кој исто така се потпишува и како продуцент со неговиот долгогодишен соработник Стеф Левинсон.

Како што пишуваат странските медиуми засега нема официјална информација кој ќе биде режисер на филмот, но истиот е планиран да се снима во Лондон на почетокот на 2022 година.

Деталите за нарацијата засега се чуваат во тајност, но претстојниот блокбастер е опишан како шпионски филм на франшизата „James Bond“.

Ова не е прв проект на „Netflix“ со Бери, бидејќи компанијата неодама го купи нејзиното режисерско деби „Brused“ кое треба да се објави во текот на оваа година.