Борусија Дортмунд во последно време победуваше на рурското дерби како шега.

На претходните две дербија против Шалке, Борусија славеше со 4 0 и 3:0, а вечерва во Гелзенкирхен беше 4:0 за гостите од Дортмунд.

Шалке одолеваше 42 минути, а потоа Џејдон Санчо погоди за 0:1, а по центаршутот на Санчо, Ерлинг Халанд погоди спектакуларно во 45. минута.

Потоа Гереиро погоди за 3-0 во 60-та минута, а Халанд го заврши Шалке со својот втор погодок во 79-та минута.