Пензионираниот УФЦ шампион во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов го прокоментира поразот на Конор Мекгрегор од Дастин Поирие.

Поирие во втората рунда го нокаутира Ирецот и го оддалечи од борбата за титула, а Хабиб не пропушти можност да го испровицира својот голем ривал.

„Еве што се случува кога ќе го смениш комплетниот тим, ќе ги напуштиш спаринг партнерите кои те направија шампион и спарингуваш со мали деца. Далеку од реалноста“, напиша Нурмагомедов, кој во нивната меѓусебна борба го принуди Конор да се предаде во четвртата рунда.

Мекгрегор на подготовките за борбата со Поирие за спаринг партнер го избра 26-годишниот боксер Дилан Моран, наместо да избере ММА борец.