Рускиот претседател Владимир Путин „целосно погрешно ја пресмета“ својата агресорска војна против Украина, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек.

-Тој ја потцени способноста на украинскиот народ да се спротивстави, па дури и неговото херојство, рече Хабек во Берлин.

„Тој не очекуваше дека луѓето нема да го сакаат ниту за свој ослободител“, додаде германскиот министер.

Политичарот од Зелената партија кажа дека Путин, исто така, потцени колку може да бидат одлучни Европа, Западот и трансатлантската заедница кон неговиот потег.