Манчестер сити во последните неколку преодни рокови интензивно работи на подмладување на екипата, а тој тренд го продолжи и овој зимски преоден рок.

„Граѓаните“ во 2022 година го купија Јан Коуто, млад бразилски фудбалер кој игра на позицијата десен бек и кој пристигна од Коритиба. Сити веднаш го испрати на калење во еден од своите братски тимови, Џирона.
Тие минатата година исто така го купија и Перуанецот Агилар од Лима за сума од два милиони евра и тој на „Етихад“ ќе пристигне по завршување на сезоната.

Денеска, англиските меиуми објавија дека Манчестер сити се наоѓа во завршни преговори со бразилскиот Флуминенсе за Метињо и Кајики. И двајцата фудбалери имаат по 11 години, а очекувањата на медиумите се дека Манчестер сити ќе плати вкупно 11 милиони евра.
Медиумите во Бразил Кајики го споредуваат со Нејмар, додека Метињо настапуваше за репрезентацијата на „кариоките“ до 16 години.