„Бритиш ервејз” се согласи да дозволи само патниците со негативен тест за новиот коронавирус да користат летови до меѓународниот аеродром „Џон Ф. Кенеди“, изјави денеска гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, откако во Велика Британија беше откриен мутиран вид на ковид-19.
Куомо, исто така, рече дека побарал од „Делта ерлајнс“ и од „Вирџин Атлантик“ да ги прегледаат патниците на летовите до аеродромот Кенеди, под услов патниците да се согласат на тоа.
– Ако не се согласат на преглед, државата Њујорк ќе бара други опции, рече Куомо.