Навивачите на Јунајтед го обвинуваат семејството Глејзер за долгогодишниот неуспех. Нивната желба е да си заминат, а тоа најверојатно ќе се случи наскоро бидејќи американски бизнисмени решија да го продадат клубот.
Серија преговори со заинтересираните страни веќе се во тек. Очигледно, најблиску до преземање на гигантот од „Олд Трафорд“ се катарските бизнисмени кои сакаат од Јунајтед да направат гигант со кој ќе ја покори Европа.
Група богати луѓе од Катар ќе ја претстават својата понуда во наредните денови. Тие се уверени дека таа ќе биде веројатно најдобрата од сите што ќе пристигне, а веќе имаат огромни планови за тимот за иднината. Понудата е неверојатни 8 милијарди фунти, повеќе од 6 милијарди за сегашните сопственици.