Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, изјави дека Грција, како земја која одржува пријателски односи со Бугарија и Македонија, ќе се обиде на секој можен начин да го олесни решавањето на разликите меѓу Скопје и Софија, јави МИА од Атина.
Шефот на грчката дипломатија, во интервјуто за „Јуроњуз”, додава дека Грција останува цврсто на поддршката за европската перспектива на Западен Балкан, особено на Македонија и на Албанија.
– Advertisement –
На прашањето дали Грција би презела конкретни иницијативи, Дендиас вели дека „иницијатива е многу силен збор” и додава дека тие се пријатели со сите и се обидуваат на сите да им помогнат. При тоа, тој нагласува дека „треба да се гледа големата слика, а големата слика е иднината на Балканот во Европската унија.