Трката за градоначалник на едно гратче во Кентаки заврши нерешено, па победникот беше решен со фрлање паричка. 25-годишниот Мејсон Тејлор е избран за следен градоначалник на Батлер откако победил во фрлање паричка, пренесува ABC News.
Тејлор и актуелниот градоначалник Грег МекЕлфреш освоија 55 гласа на изборите во вторникот. Третиот кандидат Џошуа МекГрифин доби 15 гласа. Законот на Кентаки предвидува дека нерешениот резултат не се решава со жрепка, односно победникот се избира по случаен избор. Според тоа, претставници на округот Пендлтон фрлиле паричка за да одредат кој ќе го води градот со околу 600 жители.
Шерифот на округот Пендлтон му ја доделил „главата“ на МекЕлфреш и „петката“ на Тејлор пред да ја фрли паричката.
„Монетата околу три пати го заокружи подот и се вртеше, а потоа само падна на ‘петката’ и јас воздивнав со големо олеснување“, рече победникот Тејлор.
Новоизбраниот градоначалник е член на градскиот совет на Батлер и работи како пожарникар и болничар. Тврди дека има добро осмислена стратегија за развој на својот град.