Во изминативе денови линиите „19“ и „20“, кои се движат од централниот дел на градот до Шуто Оризари, не сообраќаа бидејќи Град Скопје не им исплатил средства на приватните превозници веќе три месеци.

Сепак, од утре овој возен ред ќе се нормализира. Ова во изјава за ТВ21 го истакна Милорад Димитриевски.

„Од утре се нормализира возниот ред на линиите 19 и 20. Имаше средба меѓу претставниците на Град Скопје и Макекспрес“, порача тој во изјава за ТВ21