Хрватскиот прволигаш Горица и официјално соопшти дека македонскиот стратег Игор Ангеловски го доби очекуваното отказно решение.

Ангеловски од доаѓањето на клупата на хрватскиот тим не успеа да забележи ниту една победа, и за очекување беше ваквиот исход од неговата авантура во Горица. Мрме за последен пат ја водеше Горица во петокот и запиша пораз од Истра 1961 во Пула од 1-0.

“Претседателот Ненад Чрнко го разреши господинот Игор Ангеловски од функцијата тренер и спортски директор на Горица. Му благодариме на господинот Ангеловски за досегашната соработка и му посакуваме се најдобро во продолжението на кариерата“, напишаа од Горица во своето соопштение.

Ангеловски на клупата на Горица седеше на десет првенствени натпревари, претрпе осум порази и имаше само две ремија.

Прикажи повеќе