реклама

Денеска е роденден на Google, а по тој повод светскиот интернет пребарувач им се заблагодари на своите корисници за 25-годишната љубопитност.

На пристапната страница на прелистувачот има роденденско лого, а компанијата планирала и изненадувања за корисниците за време на пребарувањето.

реклама

„Додека денес го славиме нашиот 25-ти роденден, славиме и 25 години од вашата љубопитност. На крајот на краиштата, вашата љубопитност е она што нè поттикна нас и нашиот напредок“, рече извршниот директор на Google, Сундар Пичаи.

Корпорацијата Google е основана во 1998 година од двајца студенти од Универзитетот Стенфорд, Лери Пејџ и Сергеј Брин.

реклама

Во 2005 година основачите го прогласија 27 септември за роденден на Google, денот кога, како што наведоа, постигнале одлични резултати.

реклама