За време на Светското првенство во Катар, на 64 натпревари беа постигнати 172 гола, што е најмногу голови во историјата на светските првенства.

Advertisements

Претходниот рекорд го имаа првенствата во Франција во 1998 година и во Бразил во 2014 година кога беа постигнати 171 гол, а на третото место беше првенството во Русија во 2018 година со 169 гола. На Светското првенство оваа година беа забележани 2,69 гола по натпревар.

Ако се види само просекот на голови од меч, најефикасниот турнир во историјата бил во Швајцарија во 1954 година, каде што на 26 натпревари биле постигнати 140 гола, односно дури 5,38 гола од меч. Во Катар шест натпревари завршија без голови, а два завршија со по седум гола. Најдобар стрелец е Килијан Мбапе од Франција со осум постигнати гола.

Прикажи повеќе