Манчестер Сити денеска соопшти дека на „Етихад“ пристигнале нови засилувања.

Advertisements

Сити веќе донесе неколку големи засилувања ова лето, но јасно е дека преодниот рок за Граѓаните сѐ уште не е завршен.

Манчестер Сити денеска потврди дека на „Етихад“ пристигна ново засилување, а тоа е Серхио Гомез кој во англискиот клуб пристигна од Андерлехт за околу 15 милиони евра.

Овој 21-годишен лев бек импресионираше со своите настапи во белгискиот клуб и го привлече вниманието на многу европски клубови, но на крајот реши кариерата да ја продолжи во Манчестер Сити.

Гомез потекнува од младинските погони на Барселона, но како тинејџер отиде во Борусија Дортмунд каде не играше премногу добро.

Две сезони помина на позајмица во Хуеска, а потоа пред една година потпиша за Андерлехт каде блесна.

„Исклучително сум среќен што дојдов во најдобриот клуб во Англија и што ќе имам можност да работам со Пеп Гвардиола. Сонот ми се оствари со доаѓањето во толку голем клуб и ќе се обидам да ја оправдам довербата“, изјави Гомез.

Извор: sportclub

Прикажи повеќе