Малата британска територија Гибралтар е прва во светот која против коронавирус ги вакцинирала сите возрасни лица кои покажале интерес за вакцина.

Тоа го потврди британскиот министер за здравство Мет Хенкок.

Во Гибралтар живеат околу 30.000 луѓе, а земјата имала две клични предности во трката за вакцини: големината и постојаниот проток на вакцини увезени од Велика Британија.

Благодарение на програмата за вакцинација на оваа земја, многу аспекти од секојдневниот живот се вратиле во нормала. Училиштата повторно се отворени, како и кафулињата, а повторно се играат и натпревари.