Во студиото на Телевизија 24 гостуваа кандидатите за градоначалници на Охрид. Гости беа тројцата кандидати, Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, Константин Георгиевски од СДСМ и Гоце Цветковски од ТМРО. Во еден момент од дебатата Цветковски извади вегета, ја фрли на масата и им порача на своите противкандидати да замезат со парите што, како што вели, ги „лапаат“.