Светското првенство во фудбал, кое следната година ќе се одржи во Катар, предизвика многу реакции во светот.

Германија направи интересна анкета каде дури 65% од љубителите на фудбалот се за тоа Германија да не игра во Катар.

За време на работите на стадионите во оваа азиска земја, животот го загубија 6.500 работници, а во Германија веруваат дека фудбалот е на последното место во моментот и дека нема ништо повредно од човечки животи.

Германија не е прва земја што се побунила против организацијата на Светското првенство во Катар, но тие се први кои официјално излегоа со анкета каде се огласија навивачите.

Шампионатот во Катар треба да биде првиот што ќе се одржи на крајот на годината, а квалификациите се во тек.

Судбината е неизвесна и не е исклучено Катар да го изгуби своето домаќинство под голем притисок.

Актуелната состојба околу пандемијата на коронавирусите исто така ќе има улога во целата приказна, па затоа ќе биде интересно да се следи каква судбина го чека Светското фудбалско првенство во 2022 година.