Баварската месна векна или „баварски леберкез“ е гурманско јадење кое е всушност германски деликатес. Се приготвува од мешавина од мелено месо и наликува на векна од леб, но во него воопшто нема брашно. Тајната е во фино меленото месо.
За да го подготвите овој специјалитет потребно е по 400 г свинско и јунешко месо, 200 г сланина, 250 мл вода , 2 главици кромид, масло, сол, црн пипер и оригано. Месото измелете го во блендер да стане фина, мека смеса и во него дојдате ги сите состојки.
Кромидот треба претходно да е изрендан или уште подобро изблендирајте го. Сланината исечкајте ја на најситно. Замесената смеса ставете ја во фрижидер да стои 1-2 часа да се излади, а воедно да се поврзат состојките. Правоаголен калап за печење премачкајте го со малку масло и во него ставете ја изладената смеса.
Печете го во рерна загреана на 180 степени околу еден час, додека добие златна коричка. Ако рерната има вентилатор, намалете ја температурата на 160 степени. Кратко изладете пред да послужете со прилог по избор.