Германскиот доктор Волфрам Хен смета дека луѓето кои не сакаат да примаат вакцина против коронавирусот треба да се откажат од дишењето или интензивниот третман доколку се заразат со ковид-19. Генетичарот исто така верува дека оние кои се против вакцинација треба да носат документ во кој јасно стои дека не сакаат да се вакцинираат.
– Кој сака директно да одбие вакцинирање, треба, секогаш, да носи документ со натпис: „Не сакам да се вакцинирам! Заштитата од болеста сакам да им ја препуштам на другите! Ако се разболам, сакам да го оставам креветот за интензивна нега и респиратор за други – вели тој.
Докторот посочи дека е сосема во ред луѓето да бидат загрижени за вакцината, која се појави навидум толку брзо, но истакна дека нема разбирање за оние кои постојано шират теории на заговор на социјалните мрежи.
– Итно ги препорачувам овие на овие луѓе да одат во најблиската болница и да им ги презентираат своите теории на заговор пред лекарите и медицинските сестри кои излегуваат истоштени од пренатрупаната единица за интензивна нега – рече тој
Во одделно интервју за германскиот WDR, д-р Хен објасни дека лекарите секогаш ќе лекуваат болни луѓе, вклучително и оние кои се против вакцини.
Сепак, тој сака оние кои се загрижени за вакцинацијата да разберат дека е вложен голем труд за да се одобие безбедна вакцина, како и тоа дека брзината нема да наштети на квалитетот на самата вакцина.
– Брзината не им наштети на квалитетот и безбедноста на вакцините. Брзината беше овозможена од со административното забрзување во процесот на нејзино одобрување, а од друга страна со фактот дека темпото беше забрзано со огромен напор финансиран од државите.. Сосема е јасно дека на крајот, никој нема да се откаже од итен третман. Поентата е дека луѓето кои се премногу брзи и премногу критички настроени веднаш кажуваат јавно дека се против. Тие наместо тоа треба да кажат за што се и која е нивната друга опција. И, ако се свртат против нешто, тогаш навистина треба да размислат за последиците од нивните постапки до крај – рече тој.