Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе се сретне со премиерите на германските покраини, со цел да се разгледаат натамошните епидемиолошки мерки, односно кога ќе заврши воведеното „заклучување“ поради коронавирусот.

Германските медиуми шпекулираа вчера дека власта би можела да одлучи мерката „локдаун“ да трае до 1 март.

Меѓутоа денеска, според пишувањето на весникот „Билд“, се појавил документ во кој е наведено дека „заклучувањето“ ќе остане во сила до 14 март.

Единствен исклучок, според тој документ, се фризерите кои ќе можат да почнат со работа од 1 март, а за тоа се залагаат Меркел, вицеканцеларот Олаф Шолц, премиерот на Баварија Маркус Седер и градоначалникот на Берлин, Михаел Милер.

Некои премиери на германските покраини бараат побрзо отворање, поради што се очекува бурна расправа на денешниот состано