Германија размислува за укинување на бесплатните тестови за ковид-19 во октомври, објавија во понеделникот медиумите од групата РНД, повикувајќи се на нацрт-предлог за кој канцеларката Ангела Меркел ќе разговара со лидерите на 16-те сојузни држави.

Advertisements

Германската влада воведе бесплатно тестирање за целото население во март, пред крајот на третиот бран на ковид-19 во државата.

Во моментов 55 проценти од германското население е вакцинирано, така што има повици парите на даночните обврзници да престанат да се распределуваат за оние што не се вакцинирани, иако вакцината е достапна за секого, пренесува Ројтерс.

„Со оглед на тоа што вакцинацијата е достапна за сите жители, федералната влада, а со тоа и даночните обврзници, повеќе не е оправдано да ги плаќаат трошоците за сите тестови“, го цитираше нацрт-предлогот РНД.

Помалку од седум недели пред парламентарните избори, Меркел и сојузните лидери ќе разговараат за мерките за спречување на ширењето на делта-сојот на вирусот, без повторно воведување карантин на државно ниво.