И покрај тоа што во Катар доживеаја дебакл и втора елиминација еднопоруго во групната фаза, Германија ќе се подготвува да биде домаќин на Европското првенство во 2024 со Ханси Флик на чело, потврдија од Германската фудбалска федерација (ДФБ).
По испаѓањето во Катар, по состанокот помеѓу претседателот на ДФБ, Бернд Ноендорф и шефот на Германската фудбалска лига, Ханс-Јоаким Вацке, беше одлучено Флик да добие доверба за во иднината.
„Сите сме сигурни дека ЕП на домашен терен ќе биде олична шанса за фудбалот во Германија. Целта е овој турнир да биде и спортски успех и имаме целосна доверба аво Ханси Флик. За наследникот на директорот на репрезентацијата, Оливер Бирхоф ќе се разговара понатаму“, откри Ноендорф.
Флик е сигурен дека лекцијата од Катар ќе биде научена.
„Мојот тренерски тим и јас сме оптимисти пред Европското првенство во нашата земја. Како тим, можеме да оствариме многу повеќе од тоа што го покажавме во Катар. Пропуштивме голема шанса таму, но мислам дека ја научивме лекцијата“, изјави Флик.