Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски во гостување во летното издание на емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека општината планирала многу зеленило на Кале, нови градинки, но и намалување на катноста на објектите.

„Во горниот и долниот дел од Кале во еден дел за прв пат се носи урбанизација односно нов ДУП, планираме многу зеленило, планираме отстранување односно намалување на висините на одредени хотели кои што ги има во маркиците на долниот дел од Кале, шест спрата со поткровје на три спрата со поткровје, дополнително е планирана нова детска градинка од околу 500 метри квадратни, и многу зеленило, околу 30.000 метри квадратни да биде зеленило“, рече градоначалникот Герасимовски.