Наполи е поразен на гостувањето кај Гранада со 2:0, а бледа партија одигра и нашиот Елиф Елмас, како и целиот тим. По мечот тренерот на Наполи Џенаро Гатузо изјави дека го критикувал Елмас бидејќи направил неколку грешки, а нашиот фудбалер поради ова се депримирал.

„Елмас направи неколку греши и потоа се депримираше. Во фудбалот, не смеете така да размислување, мора да продолжите напред, а не да седнете и да ги броите грешките. Во тој дел мора да се подобриме многу, изјави Гатузо.

Инаку, Елмас го одигра целиот меч, а доби и жолт картон.

loading…