Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека групата седум на самитот во југозападна Англија се договорила да се укине државната помош за термоцентралите на јаглен, пренесува „Данас“.
Лидерите на најразвиените индустриски земји се согласиле на таа мерка по апелот на познатиот британски еколог Дејвид Атенборо дека треба да се покаже „глобална волја“ во борбата против климатските промени.
Говорејќи на самитот, Атенборо изјави дека климатските промени се политички и научен предизвик.
„Имаме знаења и вештини да го решиме тоа на време, само ни треба волја на светско ниво“, порача Атенборо.