Платата на претседателот ќе се зголеми за 1200 евра . Стево Пендаровски рече дека зголемената плата ја добил денеска, но не на негово инсистирање. Благодарение на укинувањето на член од страна на Уставниот суд, дојде до драстично зголемување на платите од 78 отсто за многу државни функционери. Шефот на државата беше транспарентен со објавување на платата, јавува Алсат.

Платите за април во текот на оваа недела ќе бидат повисоки за околу 70 илјади денари, малку помало покачување ќе добијат и останатите собраниски и владини функционери како министри, пратеници, судиите, градоначалници, гувернерот и други. Покачување ќе добие и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска изјави дека се уште не ја проверил жиро-сметката.

Платите на претседателот на Уставниот суд и замениците на Собранието ќе се зголемат за околу 60.000 денари, а на министрите и пратениците за околу 56.000 денари. Државните службеници се наградени со повисоки плати за 78% или околу 1000 евра, по одлуката на Уставниот суд кој на 21 март го укина „замрзнатиот“ член од Законот за плати каде што коефициентот се пресметува во зависност од позицијата. Работник со минимална плата би требало да работи осум месеци за да ја заработи платата на премиер или претседател.. На еден просечен работник ќе му требаат речиси пет месеци за да ја заработи платата на премиерот или претседателот. Зголемувањето на платите го коментираа и од Светската банка, од каде оценија дека во услови на економска криза не е во ред да се зголемуваат платите на функционерите.