Македонската фудбалска репрезентација до 21 година од денеска е на Фарските Острови и веднаш почна со тренинзи во очекување на новиот квалификациски меч за пласман на Европско првенство 2023.

Нашата селекција в четверток игра против Фарски Острови во Клаксвик, а четири дена подоцна гостуваме во Ереван против Ерменија.

Селекторот на репрезентацијата, Драги Канатларовски се соочува со низа проблеми поради неиграњето на неколку стандардни првотимци, но младите надежи најавија дека ќе дадат се од себе да дојдат со победа од овие две средби.