Репрезентацијата на Франција синоќа ја совлада Германија со 1-0 во Минхен во рамките на првото коло од групната фаза на Европското првенство.

На „Алијанц Арена“, гледавме навистина одличен натпревар помеѓу Франција и Германија, и на крајот, актуелните светски шампиони успеаја да победат. Решавачкиот момент се случи во првото полувреме кога Матс Хумелс си постигна автогол.

По завршувањето на мечот, Пол Погба се најде во центарот на вниманието, тврдејќи дека Антонио Рудигер го каснал за време на натпреварот.

Францускиот играч за врска му рече на судијата Дел Серу што се случило и го замоли да погледне во ВАР, но на крајот шпанскиот судија не го стори тоа. Рудигер се извлече на тоа, бидејќи е јасно дека сигурно ќе биде казнет за неговиот потег.

Сепак, Погба имаше уште еден настап на прес-конференција. По пристигнувањето на новинарите, Погба виде дека има шише Хајнекен и реши да го отстрани.

Изразот на лицето на Погба беше доста сериозен кога виде дека има шише пиво на масата и многумина се прашуваа зошто го стори тоа.

Имено, познато е дека Погба е многу врзан за исламот и не го крие тоа. Познато е дека на муслиманите им е забрането да консумираат алкохол и очигледно е неприфатливо Погба воопшто да има алкохол во неговата близина.

Ова е вторпат веќе на евро да се случи слично нешто затоа што пред само неколку дена Кристијано Роналдо го стори истото, но со шишиња кока-кола.

Роналдо ги отстрани шишињата Кока-Кола што беа пред него и рече дека сите треба да пијат вода затоа што е поздрава. Овој негов потег имаше голем удар за американската компанија.

Имено, отстранувањето на две шишиња пијалоци направи Кока-Кола да изгуби неверојатни четири милијарди долари за кратко време. Берзите во Европа се отворија во 15 часот. Во тоа време, една акција на Кока-Кола беше 56,10 американски долари.

Половина час подоцна, кога Роналдо и Фернандо Сантос се појавија во прес-салата на стадионот Ференц Пускас, вредноста падна на 55,22 УСД по акција.

Ова значи дека за кратко време има пад на акциите од 1,6%, што значи дека вредноста на компанијата падна од 242 милијарди на 238 милијарди. Значи, загубата е четири милијарди долари.