Францускиот тенисер Гаел Монфис по пауза од повеќе од седум месеци се врати на тенискиот терен, но очекувано, немаше позитивен кам-бек.
На Мастерсот во Индијан Велс францускиот ас загуби од Џордан Томпсон со 6-3, 6-1. Тоа беше само втора победа на Австралијанецот сезонава, а сега во второто коло го чека вториот носител Стефанос Циципас.
Свој кам-бек имаше и Џибинг Ву, кој заигра за првпат по титулата во Далас и го совлада Јауме Мунар со 6-7/6, 6-0, 7-6/3. Кинезот испуштија брејк и сет топка во првиот сет, но се избори за пресврт и обезбеди судир со Алехандро Давидович Фокина.
Ривал во второто коло доби и Данил Медведев. Тоа е Американецот Брендон Накашима, кој со 7-6/7, 6-3 го совлада својот сонародник Џон Иснер. Јиржи Лехечка продолжува со одличните игри оваа сезона. Во Индијан Велс го совлада Артур Риндеркнеш со 7-6/4, 7-5 и закажа пресметка со Андреј Рубљов во второто коло./Gol.mk/