Енис Барди до крајот на преодниот рок ќе го напушти Трабзонспор, прашање е само каде ќе ја продолжи кариерата. Челниците на актуелниот турски шампион решија да го намалат буџетот, поради што неколку играчи ќе го напуптат тимот, еден од нив е Барди.
Пред неколку дена медиумите пишуваа дека Мајорка покажува интерес за Барди, а денес турските медиуми објавија дека во трка за неговиот потпис ќе влезе и Ница.
Ница има големи амбиции во зимскиот преоден рок, наводно клубот го договорил трансерот на напаѓачот на Севилја, Јусеф Ен Несири за 20 милиони евра./Makfax/