Победник на овогодинешното јубилејно 20-то издание на Детскиот избор за песна на Евровизија е Франција.

Победи песната „Oh Maman!“ која ја изведе Лисандро.

Македонија со песната „Животот е пред мене“ во изведба на Лара Трпческа со Јован и Ирина се пласираше на 14-тото место со 54 бодови.

Со реакција се јави и премиерот Димитар Ковачевски.

„Лара, Ирина и Јован, огромно браво за вашиот настап денеска на #JuniorEurovisionSongContest2022, вашата песна „Животот е пред мене” ни ги освои срцата. Ви посакувам уште многу настапи и успеси, вакви искуства во животот се многу значајни. Само храбро и понатаму“, напиша тој.