Франција има намера да спроведе сеопфатна контрола врз британската стока од следната година, изјави денеска министерот за европски прашања Клемент Боне.

– Треба да ја проверуваме стоката што ни доаѓа од Британија, рече Боне за радио Европа 1.

Според него, за храната и индустриските производи мора да се следат сите применливи регулативи.

Француската Влада ангажираше 1.300 лица за контрола на стоките од Велика Британија.

Велика Британија официјално ја напушти ЕУ на крајот на јануари 2020 година, кога започна преодниот рок, кој истекува на 31 декември. Во тој период, Велика Британија остана членка на единствениот пазар и царинската унија, но тоа престанува да биде со последниот ден од оваа година.
Извор.МИА