Учителката по јога, Дорија Гани, од југозападен Лондон, се занимава со гола јога веќе 12 години, а нејзиниот пат до ослободувањето и себеприфаќањето, бил исполнет со тешкотии.

Италијанката од Тоскана, открива дека долго време се борела со лошата слика за себе. Како тинејџерка била слаба, имала 44 килограми на висина од 152 сантиметри. Дорија Гани, на 25 години добила булимија и ослабнала на нездрави 40 килограми телесна тежина, но, успеала да се опорави по една година. Во 2005 година, кога имала 29 години дошла во Лондон, да го усоврши англискиот јазик и решила да остане. Тогаш на преглед открила дека има рак на грлото од матката во трет стадиум.

Се оперирав во 2009 година и потоа одев на хемотерапија и радиотерапија, а тоа ми предизвика рана менопауза. Бев во шок кога ми кажаа дека никогаш нема да можам да имам деца – се сеќава и додава дека по третманите била многу истошена, па решила да оди на јога.

Никогаш порано немав пробано јога и беше прекрасно што можам повторно да се поврзам со своето тело. После три тренинзи бев среќна и почнав да одам секој ден – изјавила Дорија додавајќи дека во 2014 година зела шест недели одмор за да оди во Индија да положи курс за инструктор.

По една година отишла на фестивалот „Бурнинг мен“ во Невада, каде е прифатена голотијата и видела гола манекенка како позира под огромна скулпура. Тогаш Дорија се соблекла и го замолила фотографот да ја фотографира додека таа правела јога – пози. По ова кај неа се родила идејата за часови по гола јога. Кога се вратила во Лондон сакајќи да го сподели искуството со сите, започнала да дава индивидуални часови, најчесто за лица кои се излечиле од рак или се нудисти. Но, имало и непријатни искуства.

Еден маж ме праша дали ќе го допирам додека вежбаме гола јога, на што му одговорив „никако“ и решив да ги одбивам клиентите кои имаат сексуални желби, а не желба да вежбаат гола јога – открива Дорија и додава дека на нејзините часови има строги правила на однесување со цел никој да не се почувствува непријатно.

Често моите ученици доаѓаат нервозни и тивки, а си заминуваат насмеани и расположени. Имало ситуации и да заплачат на крај од часот, а тоа се случува кога ќе се ослободите од стресот и траумата. Тоа ви го овозможува голата јога.

Дорија открива дека една нејзина ученичка била силувана и страдала од депресија, а нејзините часови ѝ помогнале да се ослободи од стравот да биде гола пред други мажи и жени.