Славната американска актерка Ева Лонгорија се пофали на социјалните мрежи дека станала ко-сопственик на мексиканскиот клуб Некакса. Овој клуб постои веќе 97 години, а три пати ја освојувај шампионската титула во Мексико.

Ѕвездата од легендарната серија „Очајни домаќинки“ и поранешна сопруга на НБА ѕвездата Тони Паркер е една од неколкуте познати лица кои инвестирале во купување на 50 отсто од акциите на мексиканскиот клуб. За ова се пофали на Инстаграм.