На својот инстаграм – профил нашата позната актерка Весна Петрушевска објави емотивна порака по повод роденденот на нејзиниот син Кирил.

Среќна, но и тажна што е далеку од неа, актерката напиша:

– Кирил наполни 18 години. Се обидувам да се насмеам и навистина сум среќна за него, знаејќи дека е во добри раце кај татко му во Хјустон. Нормално сум досадна зборувајќи му да учи, да се запише на добар универзитет, да си фати женска…демек сум кул и ок…тој стана полнолетен дечко….

Се сеќавам на чевличката која ја носеше во Битола, 2 броја помали, па имаше некое раниче на малото прсте.

Отидовме да купиме нови чевли во Пеко (природно Битола) и продавачката ме прашува: Ваш е ? Ја гледам насмеано и ѝ одговарам: Највеќе е мој… Златен на мајка ми фали ама знам дека ќе успее. Кики те сакам колку сите зрнца во песокот!

Кирил за да се посвети на своето образование се пресели во САД кај неговиот татко Јанко Тренкоски минатата година