На инстаграм – профилот на нашата позната актерка Весна Петрушевска се нижат бројни честитки по повод нејзиниот роденден.

Бројни јавни личност на своите профили јавно и го честитаа роденденот на Весна, а дел од нив беа и децата од нејзината актерска школа кои и подготвија мала забава под заштитни маски и оригинален подарок, маица со ликот на данскиот актер Мадс Микелсен, омилен на Петрушевска.

Актерката позната и под прекарот „Бејби“ сите добиени честитки ги сподели јавно пред своите фанови на социјалните мрежи, а една од нив е посебна бидејќи доаѓа од нејзината ќерка Мина и една нејзина долгогодишна пријателка.

Мина и нејзината пријателка Виолета ја изненадија Весна со уникатни букети креирани од свежо овошје и зеленчук.

instagram/printscreen
instagram/printscreen

Букетот на Мина е особено интересен бидејќи е комбинација на свежо цвеќе со лук, кромид и други бројни зеленчуци.

instagram/printscreen
instagram/printscreen
instagram/printscreen

Тамара Тодевска и Каролина Гочева беа само дел од нашите јавни личности кои и честитаа  роденденот на Весна на своите инстаграм – профили со интересни фотографии и пораки.