Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит присуствуваа на одбележувањето на 200-годишнината од смртта на францускиот император Наполеон Бонапарта во катедралата Сен Луис. 

Поранешната наставничка, која е постара од сопругот 24 години, честопати е критикувана за комбинациите на облека што им пркосат на утврдените правила за облекување на дамите во зрелост, но со својот избор за оваа пригода таа ги воодушеви модните критичари.

Фото: Профимедиа

Брижит се држи до својата докажана формула за стил, што подразбира чисти линии без многу детали, класични кроеви и безвременски парчиња кои  и ласкаат на нејзината нежна фигура.

Фото: Инстаграм

Таа е позната по својата богата колекција на палта што ја следат линијата на телото, а во катедралата се истакна со избор на интересен модел во ефективна нијанса на кралско сино и елегантен кариран дезен украсен со златни копчиња.

Фото: Инстаграм

Првата дама на Франција го комбинираше овој впечатлив капут со тесни црни панталони и црни салонки, создавајќи едноставен и софистициран стајлинг погоден за многу прилики.

Фото: Инстаграм

Заштитна маска во црна боја и минијатурна црна кожна торба совршено се вклопуваат во овој елегантен изглед, толку типичен за Брижит Макрон.

Фото: Инстаграм