Традиционално и оваа година блесна новогодишната подводна елка.
Имено, нуркаите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид во Музејот на вода и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка.
Тие им ја честитаат новата 2023 година на сите граѓани.
Инаку, како и секоја година, посвета има за децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.
Посетителите во музејот ќе имаат можност да ја видат елката од денес па се до крајот на јануари.