Секоја година пред почетокот на некое големо натпреварување УЕФА со своите фанови организира разни занимливости на социјални мрежи како дополнително би ја кренале еуфоријата за натпреварувањето.

Но, некогаш знае и да ги подучи фановите, за како правилно да ги изговараат имињата на фудбалерите.

Таков беше случајот и оваа година. УЕФА на само неколку денови пред Европското првенство во фудбал, објави како да се изговараат правилно имињата на дел од фудбалерите, а меѓу нив се најдоа и нашите фудбалери.

Пример од Македонија се земени четворица фудбалери, кои според УЕФА малку (по)проблематични биле за избовор. Примери се Висар Муслиу, Влатко Стојановски, Александар Трајковски и Иван Тричковски.

Кој има време да се забавува, ТУКА може да го најде текстот на УЕФА, а има примери кои ќе ве натераат до солзи да се смеете, особено како се изговара Саша Калајџиќ од Австрија, Шиме Врсаљко и Лука Иванушец од Хрватска или Лоренцо Инсиње.