На социјалните мрежи пејачот на групата „Некст тајм“, Стефан Филиповски ги расположи своите бројни обожаватели со информацијата дека ќе „заплива“ на големото филмско платно како новиот „Аквамен“.

Поради коронавирусот пејачот ќе биде замена за актерот Џејсон Момоа во улогата на „Аквамен“ во истоимениот филм, супер херојот на „DC Comics“.

Пејачот ги објави и првите фотографии од „сетот“, а на својот инстаграм – профил напиша:

Ме земаа во „Аквамен“ бидејќи Џејсон Момоа фатил корона, стои во објавата.

Иако се работи само за мала шега од страна на пејачот, на кој притоа според фотографијата одлично би му прилегала улогата на супер херој.