Контроверзниот Џиџи Бекали кој сега е сопственик на романскиот ФЦСБ, пред неколку дена го продаде еден од своите најдобри играчи кој е и романски репрезентативец, Денис Ман, на Парма за сума од 13 милиони евра и со тоа си направи проблеми.

Имено, пандемијата на коронавирусот ја зголеми сиромаштијата во Романија, и откако се дозна за трансферот на Ман во Парма, повеќе од 30 сиромашни Романци во Букурешт се собираат пред канцелариите на сопственикот на ФЦСБ, Џиџи Бекали и го молат да им помогне.