Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе не ја заврши попладневната втора трка на патеката Имола во Италија. Причина е скината гума на неговиот автомобил, па поради тоа не ја заврши трката. Како што порача тој, нема откажување.

Иџе вчер го освои второто место, а на истата патека во 2016-та година „Летечкиот Македонец“ беше прв.