Шефот на кабинетот на актуелниот скопски градоначалник Петре Шилегов, сподели убава вест на социјалните медиуми.

Неодамна, преку фотографии на социјалните медиуми, Никола Наумовски со објава на слатка фотографија и даде до знаење на јавноста дека наскоро ќе стане татко.

Фото: Фејсбук / Никола Наумовски

Вчеравечер пред полноќ, Никола Наумовски и официјално сподели дека тоа се случило, објавувајќи неколку видеа од новороденчето.

Фото: Принтскрин – Инстраграм

Денеска пристигна и првата заедничка фотографија, на која Никола и Сања позираат со нивното синче.

Никола Наумовски и Сања Арсовска станаа родители / Фото: Фејсбук – Никола Наумовски

Инаку, Сања Арсовска е позната театарска глумица. Таа работи во Драмскиот театар во Скопје од 2013 година,  нејзиното име се појавува во бројни театарски претстави, а глумеше и во македонските филмови „Трето полувреме“ и „Панкот не е мртов“.

Сања Арсовска и Никола Наумовски / Фото: Фејсбук – Никола Наумовски