Актерката Селма Хаек објави нова фотографија на својот – инстаграм профил и ги покажа двете  тетоважи над нејзините гради, што ги изненади многубројните следбеници.

Нејзините обожаватели веднаш се прашуваа дали тетоважите се вистински или не, а актерката не ги држеше долго во неизвесност и објасни дека станува збор за фотографија од сетот на филмот „The Bliss“.

Instagram
Instagram

Селма очигледно најде одличен начин да го промовира новиот филм, бидејќи фотографијата им се допаднала на скоро 900 илјади луѓе.

Инаку, популарната мексиканска актерка важи за една од најубавите жени во светот иако е во шестата деценија од животот.

„Ти си фантастична“, „Нереална жена“, „Ни сонцето не сјае како тебе“, се само дел од бројните  коментари од нејзините бројни обожаватели.