Актерката Џенифер Анистон на својот инстаграм – профил објави дека се вакцинирала против коронавирусот и дека се чувствува фантастично откако ја примила вакцината.

„Вакцинирана сум и се чувствува навистина добро! Ние сме исклучително среќни и привилегирани што во моментов имаме вакцини во САД, но тоа не е случај насекаде, за жал, и како што знаеме, здравјето на сите нас зависи од здравјето на една личност … Мислам на оние кои не или нема да имаат можност да се вакцинираат, да ги прегрнат своите пријатели и членови на семејството“, напишала актерка објавувајќи ја своја слика на оваа социјална мрежа.

Актерката, како и повеќето нејзини колеги, реши да ја искористи својата популарност со цел да апелира до јавноста да се вакцинира.