Заминувањето на Серхио Рамос од редовите на Реал Мадрид по долгите години стаж во клубот привлече огромно внимание во светската јавност. Роналдињо на интересен начин реагираше на заминувањето на Серхио Рамос од Реал Мадрид.

„Еј Серхио, дали се сеќаваш на оваа вечер?“, праша Роналдињо, а Рамос му одговори со фотографија од прославата на Реал за 30-тата титула во Шпанија, освоена во сезоната 2006/07. „Се сеќавам, но оваа од неколку месеци подоцна е далеку подобра“, одговори шпанскиот ветеран.

Твитовите на Роналдињо и Рамос:

Реал Мадрид во сезоната 2006/2007 ја обезбеди 30-тата титула и тоа со ист број на бодови со Барселона, но поради подобриот меѓусебен дуел стана шампион.