Една мајка од Пенсилванија неодамна на Фејсбук објави вистинска приказна за една игра на нејзините деца која не завршила како што децата очекувале, а нејзината приказна стана вирална, пренесуваат странските медиуми.

Posted by Lisa Tschirlig Hoelzle on Sunday, 10 January 2021

Децата на Лиза Хоелз, Ноа и Абигејл, си играле во подрумот со мали играчки кои наликуваат на морски ежиња во различни бои со кои можат да се прават различни форми.

Додека си играле, Ноа ѝ истресол полна кутија од играчките на главата на сестра му Абигејл.

Мислам дека ќе излезев од сопственото тело. Абигејл имаше околу 150 мали ежиња во својхата коса. Кога се обидовме да ги отсраниме, само ги влошивме работите зашто сѐ се заплетка“, рекла мајката на која ѝ биле потребни три часа за на Абигејл да ѝ извади само 15 топчиња од косата.

Кога нејзиниот сопруг Дан се вратил од работа, продолжиле со вадењето.

„Се обидовме со регенератор и растително масло ама тоа само ја влоши ситуацијата“, рекла Лиза.

Откако Дан отстранил уште 10 ежиња од косата на девојчето, веќе било еден часот по полноќ и семејството одлучило да оди во кревет. Ѝ рекле на Абигејл да спие на стомак за косата да не ѝ се заплетка уште повеќе.

Следното утро Лиза отишла да купи минерално масло и чешел за расчешлување.

По многу солзи, губење коса и 20 часа извлегување на ежињата, конечно сѐ било готово.

„Чувствувам дека нашите молитви успеаја, бидејќи ова беше чудо. Ја спасивме нејзината коса и иако е поретка, не беше толку оштетена и уништена како што мислев“, напиша Лиза на Фејсбук.