Принцот Вилијам ја прими првата доза на вакцина против коронавирус во центарот за вакцинација, во Музејот на наука во Лондон, пренесува Дејли меил.

„Во вторникот, ја примив првата доза на вакцина против Ковид-19. На сите што работат на процесот на вакцинација – благодарам за сè што сте направиле досега и продолжете да го правите тоа“, напиша принцот во својата Твитер објава заедно со фотографија на која се гледа како носи маска додека се вакцинира.

Иако сè уште не е познато која вакцина ја примил принцот, по принцот Чарлс и кралицата Елизабета, тој е најновиот член на кралското семејство кој ја примил вакциниран.

Вилијам претходно се залагаше за вакцинирање, поздравувајќи го „монументалниот“ успех на програмата и изразувајќи желба да ја добие првата доза.