Клои Лопез Гомез, балерина која била жртва на расизам од страна на Државниот балет во Берлин, добила 16.000 евра обештетување, a нејзиниот договор бил обновен, во вонсудска спогодба.
29-годишна Клои со потекло од Франција, била првата балерина со темна боја на кожа која една компанијата ја ангажирала во 2018 година за потребите на популарна балетска претстава, пишува Би-Би-Си.
Таа изјавила дека при финалните подготовката на една претстава, професорката по танц им поделила бели превези на сите танчери, а неа ја прескокнала при што и рекла: “Не можам да ти дадам. Превезот е бел, а ти си црна”, пренесува Tanjug.
Гомез изјавила дека професорка ја принудувала на стави бела шминка на лицето за да се „спои“ со другите танчери во изведбата на „Лебедово езеро“.
Клои започна правна постапка откако минатото лето не и бил продолжен договорот за определено време. Компанијата објави дека, според спогодбата на судот, ќе го продолжи договорот до крајот на сезоната 2021/22.
Балерината овој чин на расизам го опишала и како „мала победа, но огромен чекор во светот на балетот“.